Манчестер Јунајтед го совлада Шериф со 3-0, а тренерот Ерик тен Хаг на овој меч во тимот го врати Кристијано Роналдо, му даде шанса од првата минута.
За Португалецот оваа средба не тргна добро, имаше големо промашување на средината на првиот дел, но во 81. минута сепак успеа да се запише во листата на стрелци постигнувајќи го 701. гол во кариерата.
„Не се откажа, тоа го водеше низ целата кариера. На крајот стигна и наградата. Пресреќен сум за него, му беше потребно да постигне гол за да се врати во ритам. Не се сомневам дека Роналдо ќе даде уште многу голови за Манчестер Јунајтед, сите знаеме за каков голгетер станува збор“, изјави по мечот Тен Хаг.