Шпанскиот тренер Кике Сетиен неодамна го замени Унаи Емери во Виљареал. Искуснниот стратег беше на кормилото на Барселона каде не се прослави па доби отказ.
Тој вели дека не е изненаден од ситуацијата во која се наоѓа Барса. Тоа го почувствувал уште додека бил нивен тренер.
„Барселона заокружи одличен циклус и сега мора да почне од почеток. Ќе треба да помине низ тежок период за повторно да биде онаа старата. Инаку, не сум изненаден од ситуацијата во Барса, всушност ја очекував. Да откријам нешто, тие се уште ми должат пари“, изјави Сетиен.
Инаку тој беше ангажиран од Барселона во јануари 2020 година, а во август истата година по дебаклот од Баерн Минхен со 8:2 во 1/4 финалето на ЛШ доби отказ.