Конечно прва радост за Ц. Звезда во Евролигата. Вечерва во Белград во салата „Александар Николиќ“ во меч од 5.коло, “црвено – белите“ го победија Баерн со 78:72. Освен во втората четвртина, Ц. Звезда беше подобра и успеа да ги израдува своите фанови. Вилдоза со постигнати 20 поени даваше тон на играта на победничката екипа.
Во битката за Турција, во дербито меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче, славеа “гостите“ со 79:88. Вилбекин постигна 25 поени а Гудуриќ 19 за триумф на Фенер, додека Мициќ со 19 поени беше најдобар кај поразениот состав.
Лион на свој терен ја “растури“ Басконија со 87:61, и во последниот меч од вечерашната програма Барселона како домаќин забележа убедлив триумф против Милано со 74:56.