Лејно се враќа во Скопје, но со поинаква улога: Го сакав градот и луѓето таму!

2543

Веќе ситно одбројуваме до стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во три земји, а една од нив е Македонија. Нашиот главен град ќе биде организатор на групна фаза и на главна фаза.

Нашите девојки се пред голем предизвик, ќе ги одмерат силите против Франција, првиот противник на ЕУРО 2022, уште со Холандија и Романија.

Во Скопје се враќа Амандин Лејно, една од миленичките на фановите на ЖРК Вардар. Таа доаѓа со својата Франција, но како тренер на голманите. Лејно има богата богата репрезентативна кариера, со својата земја освои златен медал на ЕП 2018, на СП 2017 и Олимписките игри 2020 година.

По долги години минати на голот на Франција, сега дојде време своето искуство да го пренесе на останатите.

Лејно се радува што ќе се врати во Скопје. Вели дека нашиот главен град засекогаш ќе остане во нејзиното срце, дека деновите минати во дресот на ЖРК Вардар биле неверојатни.

„Моето срце беше исполнето во Скопје. Навистина го сакав тимот, градот, луѓето и земјата. Иако не ја освоивме Лигата на шампионите бевме како семејство. Го сакав животот таму, бевме многу блиску да ја освоиме Лигата на шампиони“, изјави Лејно во интервјуто за ЕХФ, како дел од најавата за стартот на ЕП.

ПретходноЛК: Спировски одигра 15-тина минути во поразот на Пјуник
СледноПабло со прва изјава: Имав среќа, видов како една личност умира пред мене!