Португалецот Жозе Мурињо стана тренер со најмногу победи во меѓународните клупски натпреварувања, тој го мина Сер Алекс Фергусон на првото место.
Мурињо синоќа славеше со Рома во петтото коло од Лига Европа против ХЈК од Финска (2:1) и стигна до својата 107. европска победа. Фергусон, кој својата одлична тренерска кариера ја заврши во 2013 година на клупата на Јунајтед, има 106 победи, а трет е актуелниот тренер на Реал, Карло Анчелоти со 105 победи.
Пред да дојде во Рома, Мурињо беше тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Тој беше европски првак со Порто во 2004 година, како и со Интер шест години подоцна. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, а минатата сезона со Рома Конференциската лига.