Ако против Исланд да речеме дека имавме лош ден, тогаш денешниот пораз на У17 репрезентацијата на Македонија од Франција на квалификацискиот турнир во Скопје, е тотално заслужен и ја потврдува нашата сила и капацитет во овој момент да се справиме со сериозни репрезентации на ова ниво.
Конечните 4:0 се сосема реален показател на настаните на овој дуел во кој французите поведоа во 22. Минута преку Крупи, за да четири минути подоцна веќе биде 2:0 со голот на Боне. Ако ова не беше доволно за наш колапс на стартот на мечот, во 43. минута, Мелиќи доби црвен картон и останавме со десетмина.
Во вториот дел доминацијата на противникот не застана па во 71. Минута, Матис Ламбурд зголеми на 3:0. Во 79. Минута беа поставени конечните 4:0 на овој меч. Од друга страна, пак репрезентацијата на Исланд успеа да слави со 3:1 против Луксембург со што ја забележа и втората победа во групата. Во последното коло, Франција и Исланд ќе одлучат кој да биде победник на групата, а ние ќе се обидеме да дојдеме до првиот поволен резултат против Луксембург.