Пабло со прва изјава: Имав среќа, видов како една личност умира пред мене!

255

Фудбалерот на Монца, Пабло Мари бил еден од шесте повредени луѓе во напад во супермаркет во предградие на Милано. Инцидентот се случил во маркет „Керфур“ во „Миланофиори ди Асаџо“ шопинг центарот во Милано, кога маж на 47 годишна возраст зел нож од полица на маркетот и од непозната причина почнал да ги напаѓа луѓето во маркетот.

По овој голем инцидент кој го преживеа, фудбалерот се огласи во јавноста.

„Непосредно пред нападот одев по продавнивата туркајќи количка во која беше моето дете, во еден момент почувствував голема болка во грбот, како да имав грч. Имав среќа бидејќи видов како некој умира пред мене откако беше избоден со нож во вратот. Добар сум во понеделник се враќам на терен“, изјави фудбалот, кој во болница бил пренесен со хеликоптер. 

Италијанските медиуми јавуваат дека 47-годишна касиерка од Боливија е убиена во напад во супермаркет на ланецот Карфур. Двајца мажи, 40-годишен и 72-годишен се тешко повредени. Според медиумите, напаѓачот имал психички проблеми и бил хоспитализиран на 18 октомври откако се удрил во главата

ПретходноЛејно се враќа во Скопје, но со поинаква улога: Го сакав градот и луѓето таму!
СледноНова нестварна партија на Лука Дончиќ за нов историски подвиг (ВИДЕО)