Финале за каратистите Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски

204
Одлични вести на третиот ден од Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува во Коња, Турција. Нашите репрезентативци во категориите У21 кумите -84 кг на Витомир Трајковски и +84 кг на Стефан Стојановиќ успеаа да се изборат за финале на најелитното младинско карате првенство во светот.
Витомир Трајковски во првиот круг го елиминираше натпреварувачот од Индија со резултат 8:0, во второто коло извојува победа со 3:0 против словенецот Јордан Тимотеј, во третиот круг го победи натпреварувачот од Катар со 2:1, во четвртиот круг против натпреварувачот од Азербејџан победи со 1:0 со што се пласираше во полуфиналето каде со 2:0 против натпреварувачот од Мароко успеа да се избори за финале.

Стефан Стојановиќ во првото коло го победи гркот Карвоунис Сергиос со 2:0, во вториот круг извојува победа со 1:0 против натпреварувачот од Косово, во третиот круг извојува победа против американецот Едуард Сагилиан со 2:1, во четвртиот круг го победи босанскиот натпреварувач Анес Бостаџиќ со 2:1 со што и тој се пласираше во полуфиналето а по 4:0 над азербејџанецот Османли Осман исто така успеа да се избори за финале.

Двете финалиња ќе се одржат во недела 30.10.2022 година.

ПретходноХристов: Ние сме Вардар, одиме на победа на дербито со Воска!
СледноЕнрике го пречкрта Де Геа, со тројца нови голмани на СП