Шпанскиот Суперкуп во Ф4 формат ќе се одржува секој јануари до 2029 година

53

Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи од 11 јануари до 15 јануари идната година во Саудиска Арабија. Тоа ќе биде мини турнир кој не само оваа година, туку се до 2029 ќе се одржува во градот Ријад како дел од спонзорскиот договор потпишан меѓу Лига 1 и оваа држава од Блискиот Исток, стигнуваат информации од Шпанија. ФФ на Шпанија ќе добие oд 240 до 320 милиони евра.

Шампионот Реал Мадрид, вицешампионот Барселона, освојувачот на Купот Бетис и финалистот на Купот Валенсија ќе бидат дел од турнирот. Реал и Валенсија ќе играат во првото полуфинале, а Барселона и Бетис во второто.
Инаку актуелен освојувач на Суперкупот е Реал Мадрид кој го совлада Атлетик Билбао со 2:0 во финалето исто така одиграно во Ријад.

Претходно“Навивачите” ја полнат касата на КФСМ
СледноАлегри: По паузата ќе „пееме“ друга песна