Екипата на Баерн Минхен со 6:2 на домашен терен го совлада тимот на Маинц и по некомплетно одиграното 12.коло во Бундес лигата повторно е лидер на табелата.
Гнабри погоди во 5. минтуа, следуваше голот на Мусиала, а Мане по промашениот пенал во 43 минута од „втора“ погоди за 3:0. Буркард го стори истото во самиот финиш на првиот дел, промаши пенал но беше поправен од Видмер кој намали на 3:1.
Горецтка, Тел и Чупо Мотинг ја заокружија голеадата на Баварците во вториот дел. Ред Бул Лајпциг со 2:0 беше подобар од Баер Леверкузен, Штутгарт го совлада Аугзбург со 2:1, додека пак Волфсбург обезбеди победа над Бохум со 4:0.