Вардар лидер, Гостивар добро мина во Гевгелија, Пелистер сигурен дома

644

Во рамките од новото ВМФЛ коло во домашниот шампионат, немаше преголеми изненадувања, и фаворитите во голема мера ја завршија задачата. Откако претходно Вардар ја победа Воска со конечни 2:1, и се врати на врвот на табелата, тимто на Гостивар немаше проблеми да се справи со Кожуф во Геввгелија и да забележи победа од 0:3.

Пелистер исто така ја заврши како што треба задачата како домаќин против Беласица победувајќи со 3:2, додека пак Охрид со минимални 1:0 триумфираше над Каменица Саса.

Детонит на домашен терен успеа да слави над Локомотива во голеадата со конечни 3:2.

Резултати:

Вардар – Воска 2-1

Охрид – Каменица Саса 1-0

Борец – Караорман 0-2

Арсими – Беса 2-0

Детонит Плачковица – Локомотива П. 3-2

Кожув – Гостивар 0-3

Пелистер – Беласица 1-0

Недела 13:00 ч.

Тетекс – Слога Виница

ПретходноПиоли направил пресметка колку бодови ќе му бидат потребни на Милан за титула
СледноОсимен „дивееше“ против Сасуоло, хет-трик за нова победа на Наполи (ВИДЕО)