Клуб од другиот крај на светот го претстави Роналдо

373

Кристијано Роналдо не минува низ добар период, можеби еден од најлошите во неговите кариера. Покрај тоа што не игра во Лигата на шампиони, тој стана резервен играч во Манчестер Јунајтед.

Португалецот против Шериф постигна гол во Европската лига, но тоа е само „блага“ утеха за него, ако се земе во предвид сето она што му се случува во последно време.

Откако поради негова грешка беше тргнат од тимот, шпекулациите за неговото заминување од „Олд Трафорд“ станаа погласни. Во јануари се очекува да ја промени средината.

Ситуацијата со него ја прати целиот свет, има клубови кои можат финансиски да го дозволат, има и такви кои сонуваат за такви денови. Токму од втората група на тимови доаѓа интересна ситуација.

Аргентинос Јуниорс се надева на невозможното – Роналдо во нивниот дрес. Свесни дека тоа нема да се случи, од клубот објавија фотографија од Португалецот во дресот на тимот.

Сосема е јасно дека Роналдо најмалку сака да ја напушти Европа, тешко дека ќе ја одбере земјата од каде е неговиот најголем ривал Лионел Меси.

ПретходноЛејкерси во агонија, Леброн до нова историја – од тронот го симна Карл Мелоун (ВИДЕО)
СледноКФСМ во проблеми, не пријави тим за СП: Сметката е блокирана, вака веќе не можеме!