Лејкерси во агонија, Леброн до нова историја – од тронот го симна Карл Мелоун (ВИДЕО)

151

ЛА Лејкерси ниту во петтиот натпревар оваа сезона во НБА-лигата не успеаја да дојдат до победа. Леброн Џејмс и неговото друштво беа совладани од Минесота со 111:102 за пораз број пет, по овој меч тимот од ЛА остана закован на дното во Западната конференција.

Во составот на Лејкерси не беше Ентони Дејвис, додека Расел Вестбрук за првпат мечот го почна од клупа и постигна 18 поени. Леброн со 28 поени, седум скока и пет асистенции, но не успеа да промени ништо. „Кралот“ на оваа средба испиша историја, го запиша 1,135 меч со над 20 поени и на вечната листа го мина Карл Мелоун.

На другата страна Едвардс имаше 29 поени, Гобер имаше дабл-дабл од 22 поени и 21 скок.

Денвер го запиша четвртиот триумф, откако беше подобар од Јута со убедливи 117:101. Никола Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл од 12 поени, 10 скока и пет асистенции.

Резултати:
Детроит – Атланта 112:136
Орландо – Шарлот 113:93
Бостон – Кливленд 123:132 (прo.)
Вашингтон – Индијана 117:127
Торонто – Филаделфија 90:112
Милвоки – Њујорк 119:108
Минесота – ЛА Лејкерс 111:102
Сан Антонио – Чикаго 129:124
Денвер – Јута 117:101
Феникс – Њу Орлеанс 124:111
Портланд – Хјустон 125:111

ПретходноВМФЛ: Дојде време Вардар да и се одмазди на Воска!
СледноКлуб од другиот крај на светот го претстави Роналдо