Баерн го „уништи“ Маинц и повторно е лидер

62

Екипата на Баерн Минхен со 6:2 на домашен терен го совлада тимот на Маинц и по некомплетно одиграното 12.коло во Бундес лигата повторно е лидер на табелата.

Гнабри погоди во 5. минтуа, следуваше голот на Мусиала, а Мане по промашениот пенал во 43 минута од „втора“ погоди за 3:0. Буркард го стори истото во самиот финиш на првиот дел, промаши пенал но беше поправен од Видмер кој намали на 3:1.

Горецтка, Тел и Чупо Мотинг ја заокружија голеадата на Баварците во вториот дел. Ред Бул Лајпциг со 2:0 беше подобар од Баер Леверкузен, Штутгарт го совлада Аугзбург со 2:1, додека пак Волфсбург обезбеди победа над Бохум со 4:0.

 

ПретходноКаталонски „Спорт“ тврди: Барса има само една шанса да го врати Меси и тоа оваа зима!
СледноТотенхем со голем пресврт до уште поголем триумф (ВИДЕО)