Вардар го доби дербито на 10. Коло во ВМФЛ и се врати на чело на табелата. Денеска на „Железарница“, скопските „црвено-црни“ славеа над Воска Спорт со 2:1 и го вратија првото место на табелата во однос на своите главни конкуренти за враќање во елитата.
Одлуката за победникот падна уште во првите 45 минути. Дарио Десниќ во 18. минута погоди за 1:0, а само неколку минути подоцна вистински евро-гол постигна Дарко Мицевски за предност од 2:0.
Во вториот дел гостите покажаа повеќе, а резултат на тоа беше и голот на Емини од пенал за 2:1. За вардар ова беше осмата сезонска победа.