Мајсторија на Де Бруине за победа на шампионот на „Кинг Пауер“ во Лестер (ВИДЕО)

122

Со голот на Кевин Де Бруине во 49. минута, актуелниот англиски шампион Манчестер Стити ја оствари 9-тата сезонска победа и се врати на врвот во Премиер лигата. Момците на Пеп Гвардиола прописно се намачија за да дојдат до трите бода на гостувањето кај Лестер, кој по голот на Белгиецот, имаше извонредна шанса преку Јури Тилеманс да израмни на 1:1, но неговиот волеј од 16 метри заврши во гредата од голот на Едерсон.

За Лестер ова беше осми сезонски пораз кој го остава на само едно место пред црвената зона на табелата.

ПретходноПроблем за Германија: Нојер под знак прашалник за настап на СП во Катар
СледноВардар ја среди Воска Спорт и се врати на чело на табелата (ФОТОГАЛЕРИЈА)