Рајо Ваљекано ја изненади Севиља и тоа на „Рамон Санчез Писхуан“ со тоа што ја совлада со 1:0 во 12.коло на Ла Лига.
Столе Димитриевски беше на голот на Рајо од првата минута, а тимот од Ваљекано успеа да ги собере трите бода со голот на Гарсија во 61. минута. Инаку на стартот на второто полувреме тренерот на домашната екипа Хорхе Сампаоли направи двојна измена по лошото прво полувреме, неколку минути подоцна смени уште двајца меѓутоа играта не се подобри, напротив, неговиот тим прими гол и на крајот го загуби дуелот.
Севиља е дури на 16. место на табелата со 10 бода и очаен скор од 2 победи, 4 ремија и 6 порази. Рајо е на 8. место со 18 бода.
Sevilla 0 – [1] Rayo Vallecano – A.Garcia 61′
Oct 30, 2022