Динамо се „сопна“ во Осијек

330

Екипата на Динамо Загреб за која во стартниот тим се најде Стефан Ристовски, а на полувреме влезе Аријан Адеми, загуби на гостувањето кај Осијек со минимални 1:0. По поразот од Милан 0:4 во рамките од Лигата на Шампионите, ова е втор удар за „Модрите“ во само четири дена.

Единствениот погодок за Осијек на овој дуел го постигна Миерез во 88. минута, а Динамо потоа немаше ниту време ниту сила да се враќа резултатски во игра.

Динамо сеуште има доволно предност на табелата пред ривалите, но два порази по ред за тим кој што во суштина нема никакви проблеми да освојува трофеји на домашен терен и да постигнува солидни резултати на интрнационална сцена секако дека е загрижувачки.

 

ПретходноПСЖ во голеада подобар од Троа
СледноТФТ го реши Еуро Никел во 20 минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)