Екипата на Кадиз која во годинешната Примера се бори за опстанок предмалку на домашен терен буквално го шокираше тимот на Атлетико Мадрид и триумфираше над него со 3:2.
Мечот имаше многу необичен тек затоа што домашните поведоа уште во првата минута преку Бонгонда.
Потоа мрежите мируваа се до 81. минута кога Фернандез зголеми на 2:0, за да четири минути подоцна Хернандез си постигне автогол и Атлетико намали на 2:1. Жоао Феликс за момент во 89. минута му донесе бод на својот тим, за да во деветтата минута од судиското продолжение Сорбино погоди за конечни 3:2.