Калин Ивановски продолжува да гази, ќе игра финале во Грција!

354

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски дојде до нова победа на турнирот во Ираклион во Грција со награден фонд од 15.000 долари. Ивановски денеска славеше во полуфиналето против Италијанецот Андреа Гутиере со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3).

Во битката за титулата, Ивановски за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.

Македонскиот тенисер првиот сет го доби во тај-брејк, додека во вториот имаше полесна задача, го доби со 6-3, откако направи брејк на противничкиот сервис.

ПретходноЛевандовски ќе ја активира посебната клаузула доколку постигне уште осум гола!
СледноАлкалоид по „седумката“ против Прилеп!