На крајот од сезоната на Лео Меси го завршува договорот со ПСЖ. Тоа е шансата која Каталонците сакаат да ја искористат по секоја цена за да го вратат Меси дома. Плановите на Каталонците стануваат се поамбициозни, тврдат шпански извори.
Меси со години беше водечка ѕвезда на Барселона. Аргентинскиот напаѓач со Каталонците повеќепати ја освојуваше националната титула, а има и четири трофеи во Лигата на шампионите. Седумкратниот освојувач на Златната топка во 2021 година му се приклучи на ПСЖ, но неговата авантура со тимот на францускиот шампион наскоро може да заврши.
Понатамошната судбина на Меси во клубот останува голема непозната и тоа сака да го искористи неговиот поранешен клуб. Веќе извесно време се појавија информации дека Барселона би сакала да играа на таа карта, а според извештаите на каталонскиот весник „Спорт“, клупската управа се надева дека овој план може да биде реализиран уште оваа зима. Барса веќе во јануари со стартот на новата година ќе го има на располагање целиот буџет, а Лапорта ќе мора да го стегне ременот на лето.
Токму поради овие правила на финансискиот фер-плеј на Ла Лига, Барса мора да го договори враќањето на Меси во јануари. По сезоната Барселона ќе биде принудена да им ги скрати платите на играчите. Доколку тоа не се случи, клубот ќе може да користи само 25% од буџетот за трансфери, а остатокот ќе треба да го искористи за враќање на постоечките обврски. Во оваа ситуација значително ќе се намалат шансите на каталонскиот клуб да го врати Аргентинецот.