Ливерпул „туширан“ од Лидс, Нуњез промашуваше зицери (видео)

423

Екипата на Ливерпул доживеа пораз од Лидс на својот „Енфилд“ со 1:2 во 14. коло од Премиер лигата. По поразот од Нотингем Форест минатото коло, „црвените“ сега изгубија и од Лидс. Се изнапромашуваа домашните фудбалери, посебно скапоплатениот Дарвин Нунез кој промаши два зицери.
Родриго уште во 4. минута го погоди голот на Алисон, но изедначи Мохамед Салах во 14. минута. Во финишот на мечот Самервил ја затресе мрежата на домашните и ја обезбеди победата за Лидс.
Ливерпул е на 9. место со скор 4-4-4, а Лидс е 15-ти со скор 3-3-6. Воедно Лидс ја прекина серијата од четири едноподруго порази, односно осум меча без победа.

 

ПретходноНаполи испиша историја, Осимен и Квича со рекорди
СледноИнтер ја продолжи победничката серија (видео)