Екипата на Борусија Дортмунд ја запиша седмата победа сезонава во Бундес лигата откако славеше со 2:1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во меч од 12.коло. И двете екипи влегоа во дуелот по победи во ЛШ и победи во претходното коло на Бундес лигата, па се очекуваше интересен дуел.
Борусија поведе со голот на Јулијан Брант во 21.минута, а пет минути подоцна изедначи Камада.
Во 52. минута Џуд Белингем погоди за победа на „милионерите“ кои скокнаа на третото место на табелата зад лидерот Баерн и вториот Унион Берлин. Ајнтрахт е на 5. позиција.
Дома Меѓународен фудбал Германија „Милионерите“ фатија ритам, со три бода си одат од Франкурт (видео)