Наполи испиша историја, Осимен и Квича со рекорди

275

Наполи го совлада Сасуоло во 12.коло од Серија А со 4:0 и го држи првото место на табелата со 32 бода. Ако се бројат сите натпреварувања Наполи има 13 победи по ред со што урна клупски рекорд. Севкупно, сезонава играчите на Наполи запишаа 15 победи и 2 ремија во 17 натпревари.Последен пат Наполи не успеал да победи на 31 август во ремито против Фиорентина.

Грузискиот вундеркинд Квича Кваратшкелија продолжува да воодушевува во дресот на Наполи. Тој постигна 1 гол и 2 асистенции со што скокна на чело на табелата по број на голови + асистенции (6+5), а зад него е играчот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ со 3 гола и 7 асистенции.
Тоа е најдобар ефект на некој играч на Наполи по првите 12 кола во Серија А, а севкупно само Диего Милито и Кристијано Роналдо имале повеќе (почнувајќи од 2004/05 кога почнала да се брои статистиката).

А Виктор Осимен на мечот со Сасуоло реализираше хет-трик голови. Со тоа тој стана првиот нигерски фудбалер кој постигнал три гола на еден меч од најсилната италијанска лига. Подетално, ова е првиот хет-трик за Осимен во кариерата. Тој е лидер на листата на стрелци во Серија А со 7 гола од 8 одиграни меча.

ПретходноПогледнете како Столе одбрани „зицер“ на Рафа Мир (видео)
СледноЛиверпул „туширан“ од Лидс, Нуњез промашуваше зицери (видео)