Одбојкарско коло во четири дена, женското дерби одложено

117

Во наредниве четири дена на домашната одбојкарска сцена на програмата се мечевите од 3. коло во Првата одбојкарска лига за мажи. По стартните две кола без поголеми изненадувања, викендов не очекуваат две поинтересни средби во кој фаворитите ќе треба да се помачат за да дојдат до нови победи.

Најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу Лирија и Штип УГД, натпревар кој е на програмата во понеделник во централниот вечерен термин кој ќе оди со ТВ пренос на националниот сервис. Покрај овој дуел интерес привлекува и меѓот меѓу Универзитет во Тетово и Либеро, каде гостите ќе се обидат да дојдат до изненадување.

Кај дамите викендов во забрзан ритам ќе се одигра и 4. коло. За жал колото е биде некомплетно, бидејќи скопското дерби меѓу Работнички и Вардар ЕМ е одложено. Најинтересно треба да биде на дуелот во Струмица, каде Струмица Жени го пречекува тимот на Фит Фан Волеј.

ПРВА ЛИГА (М) – 3. КОЛО

Шкендија – Македонија Џио (денеска 18:00)

Петровец – Весна Порбиштип (денеска 13:00)

Сушево – Струмица Никоб (недела 18:00)

Лирија – Штип УДГ (понеделник 19:00)

Универзитет во Тетово – Либеро (вторник 20:00)

ПРВА ЛИГА (Ж) – 4. КОЛО

Јанта Волеј – Македонија Макс (денеска 19:30)

Струмица – Фит Фан Волеј (денеска 18:00)

Вардар 2019 – Наковски Волеј (денеска 17:00)

Работнички – Вардар ЕМ (одложена)

ПретходноЦветановска останува во Куманово до 2024 година!
СледноМагнусен и Хаас добија казна пред стартот на трката за ГН на Мексико