Осимен „дивееше“ против Сасуоло, хет-трик за нова победа на Наполи (ВИДЕО)

104

Тимот на Наполи продолжува сезонава во Серија А да победува на речиси секој дуел и да биде лидер на табелата. Попладнево предводена од Виктор Осимен кој постигна три гола, Наполи обезбеди триумф од 4:0 против Сасуоло и стигна до 32. бод сезонава.

Дуелот немаше никаква неизвесност затоа што Осимен погоди во 4. односно 19. минута, а Кварацкелиа во 36. минута зголеми на 3:0. Веќе тогаш беше јасно дека домаќинот на овој дуел ќе забележи уште еден сигурен триумф.

Во 77. минута Осимен го комплетираше својот хет трик на овој дуел, а Сасуоло до крајот на мечот остана и со играч помалку откако Лауриенте заработи втор жолт картон.

Елиф Елмас одигра нешто повеќе од половина час откако како резерва во 56. минута го замени Зиелински.

ПретходноВардар лидер, Гостивар добро мина во Гевгелија, Пелистер сигурен дома
СледноАлкалоид го „замрзна“ Прилеп на минус 15 (ФОТОГАЛЕРИЈА)