МЗТ Скопје го запиша четвртиот пораз во АБА-лига, откако на гостувањето кај Цедевита Олимпија беше совладан со убедливи 93-72. Актуелниот македонски првак беше рамноправен противник до пред крајот на втората четвртина кога целосно се распадна, застана и беше целосно надигран.
„Честитки до Олимпија на одличната партија и победа. Поразот го гледам во втората и третата четвртина кога целосно ни се распадна одбраната. Не успеавме да го сопреме Омиќ, имаа повеќе желба. Беа подобри во скоковите имаа десетина повеќе, ги натеравме на повеќе загубени топки, но тоа не беше доволно за нашата екипа“, изјави Петровиќ по мечот.
Во следното коло МЗТ Скопје е домаќин на Морнар.