Тимотн на Борнмут до 60. минута од дуелот против Тотенхем со двата гола на Кифер Мур имаше големо домашно водство од 2:0, но на крајот не успеа да освои ниту бод, затоа што тимот од Лондон успеа да направи голем, огромен пресврт па со головите на Сесењон, Дејвис и Бентакур, од кој последниот во 92. минута и да триумфира со 2:3.
Големата победа на Тотенхем менаџерот на овој тим Антонио Конте не го ни догледа до крај, туку замина во соблекувалната по победничкиот гол.
Од друга страна Челзи доживеа сериозен дебакл на гостувањето кај Брајтон со 4:1 во дуел во кој по само 42. минути имаше негатива од 3:0. Тросард погоди за домашните, а потоа Шабола и Лофтус Чик си постигнаа автоголови. Хавертц намали на 3:1, а Грос ги постави конечните 4:1.
Резултати:
Брајтон – Челзи 4:1
Борнмут – Тотенхем 2:3
Кристал Палас – Саутемптон 1:0
Њукасл – Астон Вила 4:0
Брендфорд – Вулверхемптон 1:1