ТФТ го запиша вториот триумф оваа сезона во Првата лига, на домашен терен го совлада Еуро Никел со 90-78 во рамките на четвртото коло. Овој меч требаше да биде дерби на колото, но домаќинот беше одлично подготвен, па името на победникот го реши по само полувреме.
Андерсон запиша 20 поени, Костоски беше стрелец на 16 поени, додека кај гостите Николовски имаше 16 поени.
По позитивата од пет коша (28-23) во првите десет минути, актуелниот освојувач на Купот на Македонија одигра одлично во втората четвртина, истата ја доби со 28-12, па на одморот имаше „високи“ 56-35.
Еуро Никел одигра нешто подобро во третиот период, но тоа не беше доволно за целосен кам-бек, на крајот вториот пораз оваа сезона беше неизбежен.