Феникс 2010 го „потопи“ Куманово

114

Кошаркарите на Феникс 2010 ја остварија и третата сеознска победа, откако денеска во првиот меч од 4. коло го „демолираа“ Куманово со 89:66.

Домашните тргнаа силно уште во првата четвртина која ја решија во своја полза со 23:10, што јасно покажа каква ќе биде насоката и во наредните три четвртини. Куманоо не успеа да се соземе, па веќе на полувреме Феникс 2010 имаше предност од 21 поен.

И во последните две четвртини кумановци не успеаја да ја намалат разликата, напротив, Феникс 2010 само ја зголеми за уште два поени и со вкупни 23 кошеви предност ја прокнижи новата победа, која им дојде одлично по поразот во Струмица во минатото коло.

Триото Трајковски, Митревски и Фалден постигна по 16 поени во составот на победниците, додека кај Куманово денеска најрасположен беше Зивчевиќ со 13 поени.

ПретходноРоден за проблеми: Сопственикот на Нетс лут поради антисемитските постови на Кајри Ирвинг
СледноУЕФА ќе му плати обештетување на Интер поради срцевиот удар на Ериксен