Шкупи изгуби и од Хрудим и заврши без бодови во групата

216

Шкупи го доживеа и третиот пораз во третиот меч од групата во квалификацискиот турнир од главната фаза на УЕФА Футсал Лигата на шампионите кој се одржува во Скопје. Во 1.коло Шкупи доживеа пораз од 9:2 од Диферданж од Луксембург, потоа чаирчани изгубија со 0:4 од словачки Лученец, а вечерва и од чешкиот тим Хрудим со 0:3.
По првото полувреме гостите имаа преднос од 0:2 преку Капиња и Торес, а во второто полувреме Доша го постави конечниот резултат.
Шкупи е последен во групата, Диферданж како победник и Хрудим е втор одат понатаму, а трет заврши Лученец.

ПретходноГостивар не запира, Работнички не го преживеа „пеколот во Младост“
СледноПогледнете како Столе одбрани „зицер“ на Рафа Мир (видео)