Верстапен прв пат на пол позицијата во Мексико

81

Макс Верстапен има вкупно три победи на ГП на Мексико, но никогаш не стартувал од пол позицијата на патеката „Херманос Родригез“. Светскиот шампион беше најбрз во квалификациите со време од 1:17.775. Втор ќе стартува Џорџ Расел кој заврши со 0.304 стотинки задоцнување во однос на Холаншанецот, а го победи тимскиот колега Луис Хамилтон кој ќе стартува од третата позиција.
Од четвртата позиција ќе стартува љубимецот на мексиканската публика, Серхио Перез. Петтото место му припадна на Карлос Сајнц, а шестото на Валтери Ботас.

ПретходноЛевандовски во последните секунди и донесе победа на Барса над Валенсија (видео)
СледноИмаат друг план за него: ПСЖ не сака да ја активира клаузулата за продолжување на договорот со Меси!