Гвардиола во проблеми, причината е Ерлинг Халанд!

382

Од своето доаѓање, Ерлинг Халанд за кратко време стана клучен играч на Манчестер Сити, тим кој постигнува многу голови. Па секој проблем поврзан со него е може да промени многу во играта на „граѓаните“.

Халанд на последниот натпревар во Лигата на шампиони беше изваден од игра на полувремето, тогаш Пеп Гвардиола рече дека неговиот фудбалер е болен.

Денеска Сити игра против Лестер, па се уште не е познато дали Халанд ќе може да му помогне на тимот. Тој постигна 17 голови на 11 мечеви во Премиер-лигата, па покрај тоа што е болен, сигурно е уморен.

„Малку е подобро, тренираше, но ќе видиме. Мораме да почекаме, да видиме како се чувствува“, изјави Гвардиола.

Се чини дека големиот број на мечеви и забрзаното темпо и тоа како се одразува на фудбалерите, но земјаќи го карактерот на Халанд, фановите веруваат дека ќе истрча на теренот против Лестер, првиот меч од денешната програмата во Премиер-лига.

 

ПретходноКФСМ во проблеми, не пријави тим за СП: Сметката е блокирана, вака веќе не можеме!
СледноМЗТ Скопје гостин во Љубљана, Петровиќ потенцира: Ќе мора да трчаме сите 40 минути!