Гостивар не запира, Работнички не го преживеа „пеколот во Младост“

218

Во салата „Младост“ фановите видоа вистинска битка за бодови. Гостивар и Работнички го оправдаа епитетот – меч на четвртото коло, на крајот како на победник излезе кој славеше со 87-76.

Оваа средба беше решена во последната четвртина до која навистина беше тешко да се каже кој од тимовите ќе ги зграби бодовите.

Гостивар последната четвртина ја отвори со 10-4 и поведе со 74-67 по само три и пол минути игра. На другата страна тренерот на Работнички, Димитар Мираковски повика тајм-аут, но истиот не вроди плод, бидејќи противникот поведе со највисоки 80-67 во 35 минута. Следеше период на промашувања на двете страни,

Претходно, првата четвртина беше изедначена 23-23, на одморот гостите имаа предност од 42-47. По одморот домаќинот за нијанса беше подобар, ја надокнади негативата од полувремето, бидејќи третата четвртија ја доби со 21-16.

Поддршката од домашната и тоа како беше значајна за домаќинот, кој искусно ги приведе мечот во своја корист и ја запиша четвртата победа во низа, на другата страна Работнички влезе во агонија, го запиша поразот број четири.

Претходно„Милионерите“ фатија ритам, со три бода си одат од Франкурт (видео)
СледноШкупи изгуби и од Хрудим и заврши без бодови во групата