Во 12.коло во шпанската Ла Лига, Барселона ги освои трите бода на гостувањето кај Валенсија благодарение на победата со 1:0 и тоа со гол во судиското продолжение на времето. Погодокот го постигна Роберт Левандовски кој е негов 13-ти сезонава во првенството, а Барса барем вечерва ќе преспие на првото место на табелата (исто бодови со Реал, по 31, со тоа што „кралевите“ својот меч ќе го играат утре).
Во првиот дел судијата поништи гол на Ансу Фати поради офсајд. Во 50 минута Валенсија го отвори резултатот со гол на Лино меѓутоа судијата го поништи после интервенција на ВАР поради играње со рака. Барселона имаше посед на топка, но играчите никако не успеваа да ја пробијат одбраната на Валенсија. А кога се очекуваше крај и реми на „Местаља“, Рафиња му сервираше топка на Левандовски кој погоди и ја обезбеди победата за гостите.
Valencia 0 – [1] Barcelona – Robert Lewandowski 90+3′
Oct 30, 2022