Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Брахим Диаз и Сержињо Дест ќе му бидат на располагање против Торино утре и верува дека на „Росонерите“ ќе им требаат најмалку 85 бода за да ја одбранат титулата во Серија А.
На шампионите им претстојат два клучни натпревари. Првиот, утре на гостувањето кај Торино во Серија А, а потоа гостувањето кај РБ Салцбург во Лигата на шампионите следната недела, кога и реми ќе им биде доволно за пласман во осминафиналето.
„Ни претстојат пет важни натпревари, тимот се чувствува добро, а утре е најважниот натпревар. Играњето против тимовите на Иван Јуриќ нуди голема мотивација бидејќи тој ги принудува противниците да најдат различни решенија“, рече Пиоли.