Пораз број 4 во АБА-лига: МЗТ Скопје „трчаше“ само едно полувреме, Олимпија казни!

75

Без изненадување, актуелниот македонски првак се враќа од гостувањето кај Цедевита Олимпија во рамките на петото коло во АБА-лига. Избраниците на Александар Петровиќ беа рамноправен противник до пред крајот на втората четвртина по која застанаа. Поразот е број четири, а истиот изнесува 93-73.

Мицовиќ постигна 20 поени, Војдан запиша 11 поени, додека Ајви 10 поени. Во редовите кај победникот Омиќ реализираше 19 поени.

МЗТ Скопје добро го отвори мечот, поведе со 0-5, па со 2-7. На Олимпија и требаше време за да влезе во ритам, со серија од 7-0 поведе со 12-9. Избраниците на Александар Петровиќ не се предаваа, по негативата од 18-14, првата четвртина ја завршија во своја корист 18-19.

Во следниот период противникот дојде на плус шест 28-22, но актуелниот македонски првак имаше одговор, на кратко, израмни на 30-30, но застана. Олимпија почна да го гради патот кон планираните бодови. Пред крајот на втората и почетокот на третата четвртина, домашниот состав со серија од 12-0 поведе со двоцифрени 49-36.

Во еден ваков ритам, тешко беше да се фати приклучок, МЗТ Скопје по само три  минути игра имаше негатива од 55-39. Домаќинот постигна 11 поени, на другата страна „сино-белите“ само три поени. Противникот постојано ја зголемуваше предноста, па во 25. минута беше 64-44.

Последната четвртина беше изедначена, Олимпија се опушти, а МЗТ Скопје успеа да симне под 20 коша разлика.

ПретходноТФТ го реши Еуро Никел во 20 минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПролет им се врати на победите, Радовиш со цел плен од Скопје!