Сопственикот на Бруклин Нетс, Џо Цаи, излезе со остри критики кон кошаркарот на неговиот тим, Кајри Ирвинг за објавување видео со антисемитски содржини на социјалните мрежи.
Кошаркарот на свој профил на социјалните мрежи објавил линк до документарниот филм „Од Евреите до Црнците: Разбуди се Црна Америка“, кој според некои содржи во голем број опфаќа антисемитски клишеа.
„Разочаран сум што Каири поддржува филм заснован на книга која содржи еден тон антисемитски дезинформации. Сакам да разговарам со него и да се уверам дека ја разбира болката што ја предизвикува кон сите нас. Како човек со вера, тој мора да биде свесен дека не е во ред да се поттикнува омраза врз основа на расна, етничка или религиска припадност. Ова е повеќе од кошарка“, напиша Цаи на социјалните мрежи.