Голгетери со „тапија“: Левандовски и Халанд постигнаа пола од сите голoви на Барса и Сити оваа сезона!

106

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд имаат ист процент на гол-придонес за нивните тимови во шпанската и англиската лига, соодветно. Левандовски постигна 13 од 29-те голови на Барселона во Ла Лига (45%), додека Халанд постигна 17 од 34-те на Манчестер Сити во Премиер лигата (45%).

Ова е најдобриот просек кој го извадиле напаѓачите меѓу сите фудбалери во светот. Ако на ова се додаде дека и двајцата се преселија во своите тимови во текот на летото, тоа е извонреден успех особено по брзата адаптација во новата средина.

ПретходноРистовски за предизвикот со Челзи: Тие се европски шампиони, но ќе се бориме до крај!
СледноФит Фан Волеј ја прослави и третата победа, Струмица денеска кај Сушево