Со двата гола на италијанскиот интернационалец Винченцо Грифо, тимот на Фрајбург дојде до победа на гостински терен против тимот на Шалке 04 и на тој начин му ја продолжи агонијата на овој германски великан барем за уште едно коло. Конечните 0:2 се дело на погодоците постигнати во 45. односно 61. минута, со што Фрајбург и натаму остана во трка за највисок пласман. Освоен е 24. бод сезонава, и во моментов фантастичното трето место на табелата со само три бода заостаток зад лидерот Унион Берлин.
Од друга страна, Шалке е убедливо последен со само шест освоени бодови и ужасна ситуција во моментов.