Да се знае кој е кој: Арсенал ги декласира “шумарите“! (ВИДЕО)

91

Да, точно, да се знае кој е кој во Премиерлигата. Арсенал пред 60.263 гледачи на “Емирејтс“ со 5:0 успеа да го победи Нотингем Форест попладнево во меч од 14.коло во најсилната лига во светот. Со овие три бода четата на стратегот Микел Артета и натаму е лидер на табелата.

Гол – серијата ја отвори Мартинели уште во 5.минута, потоа на 2:0 зголеми Нелсон во 49.минута, Не поминаа ниту три минути Нелсон одново беше стрелец за 3:0.

Во 57.минута Парти зголему на 4:0, а во 78.минута Одегард стрела за 5:0.

Уште еден одличен настап на “топчиите“, ова за нив беше десетта победа во дванесетиот меч, имаат и едно реми и само еден пораз.

ПретходноПотег за почит: Георгиевски дојде на тренинг, им посака среќа на ракометарките
СледноУдинезе само со бод од гостувањето кај “фенерџијата“, Фиорентина славеше кај Специја! (ВИДЕО)