Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, денеска во Ираклион ја освои својата втора сингл титула. Тој го освои турнирот без загубен сет и покажа дека се наоѓа во одлична форма.
По финалниот дуел Калин на социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката која ја добива.
„Задоволен сум од перформансите кои ги покажав во финалето. Продолжуваме понатаму со напорна работа. Голема благодарност до семејството за љубовта и поддршката“, напиша Ивановски на Инстаграм, каде се фотографираше и со пехарот освоен во Ираклион.
View this post on Instagram