Тимот на Лацио неочекувано на домашен терен вечерва загуби од тимот на Салернитана во рамките од новото коло ов Серија А, со конечни 1:3. Иако домашните на овој дуел поведоа и се одеше во правец на тоа дека ќе забележат уште еден рутински триумф на Олимпико, сепак, во второто полувреме Салернитана преку головите на Кандрева, Фазио и Диа направи комплетен пресврт.
Со овој пораз, тимот на Лацио остана на досегашните освоени 24 бода, додека пак Салернитана е на одличното деветто место со 16.