Витомир Трајковски го освои сребрениот медал на СП во карате во Коња за У-21. Македонецот во финалето загуби од Матео Фиоре со 1-4 на поени во категоријата до 84 килограми.
Трајковски со тоа оствари фантасичен успех, победуваше се по ред до самото финале, но во битката за златото сепак не успеа.
Секако дека среброто е со златен сјај.