Македонските интернационалци Валон Етеми и Езџијан Алиоски предмалку ја завршија својата меѓусебна пресметка во која Џани излезе како победник со својот Фенербахче на гостувањето кај Истанбулспор со конечни 2:5.
Звезда на вечерта е Мичи Бачуаи кој постигна хет трик, а на тоа додаде и асистенција. За домаќинот двоен стрелец Топали.
И Етеми и Алиоски се најдоа во стартните состави на двата тима, со тоа што Алиоски го заврши својот настап во 66. минута.