Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ заедно со спортскиот директор, Марјан Србиновски беа гости во емисијата „Голден Карпет“. Антиќ говореше за времињата како играч, но и сега како претседател.
На тема падна Теодор Симиќ, еден од кошаркарите од кои се очекува да биде столб на репрезентацијата во иднина. Антиќ испрати позитивна критика до него, доколку сака да напредува.
„Тео е мој, го сакам како свое дете. Од бебе го знам ама има проблем во главата. Ако е паметен може да заврши во НБА-лига со тие предиспозиции. Може ќе се наљути, само треба да сфатат дека немаат направено уште ништо. Мора да работи многу за да напредува, тој и сите останати“, рече Антиќ.
Антиќ потенцира дека времињата се променети, сега повеќе се гледа матријално, никој не гледа да работи индивидуално, не само во репрезентацијата, туку и во клубовите.
„Кошаркарите не играат како нас, тие треба да посакаат да тренираат индивидуално, се гледа кон призма на пари, не услови. Немаат желба на терен“.