Анчелоти: Судиите „измислија“ пенал, немаше игра со рака

175

Реал Мадрид одигра 1:1 против Џирона во шпанската Ла Лига. Гостите изедначија со гол од пенал поради игра со рака на Асенсио (погледни видео). Тренерот на актуелниот шампион Карло Анчелоти изјави дека не требало да биде свирнат пенал и посочи дека судиите биле наклонети кон гостинската екипа. Исто така Италијанецот додаде дека судијата донел правилно го поништил голот на Родриго за фаул врз голманот.
„Немаше пенал. Топката го удри во гради. Зборував со Асенсио и неговата позиција е навистина чудна, но тој не ја допре топката со рака. Не знам што се случи, измислија пенал. Сега што да се прави?! Не можам да кажам ништо повеќе.
Што да кажам за нашиот поништен гол? Голманот стигна до топката, a штом Родриго го турка, тоа е фаул. Нема да разговарам за ова, за разлика од ситуацијата со пеналот“, прокоментира Анчелоти по мечот.

ПретходноЧудо во Шведска: Хакен прв пат во историјата стана шампион!
СледноПрекрасно забивање, ама во погрешен кош! (видео)