Тимот на Бетис со 2:0 го совлада Реал Сосиедад во гости во 12. коло на Ла Лига. Тимот од Севиља изненади со овој триумф, а до него дојде благодарение на двата гола во последните минути и тоа на Хуан Круз и на Борха Инглесиас.
Бетис ја впиша седмата победа сезонава и со 23 бода е на делба на третото место со Атлетико, додека Сосиедад е петти со 22 бода. Сосиедад го впиша четвртиот пораз сезонава, а втор по ред.
Ова е прва победа на Бетис во Сан Себастијан во Ла Лига после декември 2003 година.
Пред овој меч во Билбао се одигра дуелот меѓу Атлетик и Виљареал. Победи Атлетик со гол на Ињаки Вилијамс во второто полувреме.