И второто дерби од осмото коло во Супер-лигата за денеска мина во знакот на домашниот тим. Овој пат, Охрид го совлада Бутел Скопје с0 25-22 на домашен терен. По оваа средба два тима го делат третото место во групата А, имаат по 15 бода.
Озтурк со седум гола беше прво име кај победникот, зад него со еден гол помалку беше Ончев. Во редовите на Бутел Скопје, Николов запиша седум погодоци.
Неизвесна игра имаше само на почетокот, 1-1 и 2-2, домашниот тим лесно поведе со 8-4 и 106, позитива која ја сочува до крајот на првото полувреме (12-8). Бутел Скопје беше немоќен, лесно му дозволуваше на противникот да дојде до голот, па токму затоа за кратко време имаше негатива од шест гола 16-10 и 17-11. Единствен момент на блесок имаше кога успеа да направи серија од 5-1 и да се доближ на 22-19 во 54 минута.
Сепак охриѓани и покрај големиот притисок задоцнетото будење на гостите, не дозволија да ја испуштат можноста рамноправно да влезат во трката за третото место на табелата.