Холандскиот интернционалец Данило Доеки е херојот на хит тимот во Бундес лигата сезонава, екипата на Унион Берлин која со неговиот гол предмалку стигна до домашен триумф против тимот на Борусија Менхенгладбах во осмата минута од продолжението. Конечните 2:1 Доеки ги постави по повеќе од 480 секунди продолжение, што секако на гостите не им се допадна но тоа малку им значи сега.
Елведи ги доведе гостите во водство во 33. минута, за да домаќинот во 79. минута преку Берхенс стигне до 1:1. Доеки со својот гол му го донесе 26. бод на Унион Берлин сезонава, и повторно прво место со бод предност пред Баерн Минхен.